Популарниот „Мутуа Мадрид Опен“ кој е познат како еден од најсилните Мастерс турнири во тениската сезона, од следната година ќе се игра две недели.

Оваа одлука се должи на фактот што квалификациските рунди во женска конкуренција ќе започнат три дена порано од вообичаеното на 27 април. Првите рунди на главниот турнир кај жените ќе започнат во четврток, 29 април. Кружните квалификации кај мажите започнуваат во петок, на 30 април, а главниот турнир како и обично во недела, на 2 мај.

Досега, само два Мастерс турнири во ВТА ​​и АТП конкуренција траеја две недели – турнирите во Мајами и Индијан Велс.

Оваа година мадридскиот Мастерс беше откажан поради тешката епидемиолошка состојба во Шпанија.