Тимот на Силекс е последниот полуфиналист во овогодинешното издание на купот на Македонија откако предмалку во Кратово во рамките од четвртфиналниот дуел ја совлада фаворизираната Шкендија со 4:2 по подоброто изведување на пеналите, откако регуларните деведесет минути завршија 0:0.

Херој на домашните беше голманот Горан Трајковски кој сезонава ја чекаше својата шанса да настапи и очигледно ја дочека. Ги одбрани првиот пенал на репрезентативецот Енур Тотре, а потоа и на најдобриот играч на Шкендија Бесарт Ибраими.

На спротивната страна пак сигурни Ристов во првата серија Костовски во третата, Серафимовски и Карчески на крајот од пенал серијата. Единствен кој промаши кај домашните беше Драшковиќ но тоа е сега најмалку важно.