Херојот на Силекс по пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија, голманот Горан Трајковски, е полн импресии по завршувањето на мечот. Силекс успеа да го совлада реално фаворизираниот противник на овој меч, тимот на Шкендија.

Дуелот беше тежок не и најдобриот што го одиграле овие два тима, но тоа за Силекс воопшто не е важно.

„Игра се заборава резултат се помети. Изгинавме на терен знаевме дека ќе биде тешко, но издржавме. Честики за сите, навистина е успех да се биде дел од полуфиналето од купот на чекор сме што се вели од голем успех. Среќни сме сите, задоволни, особено јас што ете ја имав таа одговорност во пенал серијата. Мислам дека добро се покажав, не ми падна концентрацијата. Реално и добро се подготвував, ги анализиравме противничките играчи, и нивните удари од белата точка од претходно. Јас, заедно со тренерот Горан Симов и тренерот на голманите Новица Динев. Среќен сум и што добив шанса што ја искористив, но најбитно е што Силекс оди понатаму“ – вели голманот на Кратовци, Горан Трајковски.