Името на Самјуел Чуквуезе ќе биде најспоменувано оваа зима, а можеби и следното лето. Голем број клубови од Премиер лигата, вклучувајќи ги Ливерпул и Манчестер Јунајтед, тргнаа во битка за крилото на Виљареал, кој важи за еден од моментно најголемите таленти на шпанската Ла Лига,.

21-годишниот Нигериец импресионира со своите настапи сезонава, па дузина клубови се наредија во опашката заинтересирани за неговиот потпис.

Екипите на Челзи, Вулверхемптон, Евертон, Лестер исто така ги следат настапите на напаѓачот, кој има откупна клаузула вредна 80 милиони евра. Споменатите клубови од Премиер лигата најверојатно ќе се соочат со силна конкуренција и од Реал Мадрид. Според шпанскиот весник „Ла Разон“, вели дека Реал Мадрид имал разговори со Виљареал за купување на двајца нивни фудбалери, Чуквуезе и дефанзивецот Пау Торес.