Вечерва во редовното коло од Бундеслигата, за своите екипи настапија и двајца наши интернационалци. Жарко Пешевски со својот Штутгард успеа да слави против тимот на Нордхорн со 36:24. Интересно е тоа што Македонецот имаше 100% учинок кога се головите во прашање. Пикерот имаше три шута и успеа да постигне исто толку голови. Со овие бодови екипата на Пешевски се при врвот на табелата во најквалитетната ракометна лига во Европа.

Филип Миркуловски пак со својот загуби на гостувањето кај Рајн Некар Левен, кај еден од најквалиетните екипи во Лигата, и тоа со 37:24. Нашиот ракометар имако имаше минутажа, сепак не успеа да се запише во листата на стрелците.