Барселона реди победи во Лигата на Шампионите. Каталонскиот ракометен гигант вечерва на својот паркет, во дербито на вечерта успеа со 29-25 да го победи силниот Кил и со тоа да ја продолжи своја непобедливост. Имено ова беше нејзин седми натпревар и воедно и седмна победа. Па така сега Барса во групата Б во Лигата на Шампионите уште повеќе се зацврсти на врвот на табелата со 14 бодови, три повеќе од вториот Веспрем. Ова за Кил во седмиот меч воедно беше и третиот пораз, па така сега “зебрите“ се на четвртото место со само 7 бодови.

Вечерва во тимот на Барселона најдобар стрелец беше Фабрегас со шест голови, додека кај Кил прв голгетер бешеЗарабец со пет голови.