ФОТО: TyC Sports

Поворката со телото на Диего Марадона тргна кон вечното почивалиште на фудбалерот „Бела Виста гарден“ во предградието на Буенос Аирес. Илјадници луѓе се собраа на улиците следејќи ја поворката, голем дел од нив трчаа по автомобилот, дел со мотори, скутери, велосипеди го следеа.
А имаше и инциденти. Полицијата мораше да интервенира со гумени куршуми и пендреци откако дел од фановите сакаат да отидат на местото каде што стоеше ковчегот со телото на „Ел Пибе“.