Беше со големо срце, па затоа тоа многу го чинеше. Еден од најпознатите новинари во Аргентина, Луис Вентура открива шокатни детали околу неговиот приватен живот.

Марадона умре сиромемашен. На неговата банковна сметка нема ништо. И тоа не поради тоа што Диего водеше бурен и раскалашен живот, туку поради фактот што на неговите најблиски, на луѓето од неговото опкружување никогаш не им велеше НЕ за нивните потреби. Тие се тие што го украдоа. Таков беше Марадона“ вели Вентура.

Оваа негова приказна ја потврдува и Пабло Веласкез, парагвајскиот напаѓач кој играше за Марадона во Дорадос.

Сам ни ги плаќаше премиите ио вечерите. Да, точно е дека тој носеше накит, скапи часовници и слично. И ако нешто ти се допадне тој знаеше да го извади од себе и да ти го подари“.

Инаку медиумите во Аргентина дека Диего многу пари загуби по разводот од екс – сопругата Клаудија.