Египетскиот тим Ал Ахли е новиот победник во африканската Лига на шампиони, со триумфот вечерва во дербито со Замалек.

Ал Ахли со гол во 86. минута стигна до победата од 2:1, и го освои големиот пехар.

Инаку ова беше прв пат големите египетски ривали да се сретнат во финалето во историјата.

Станува збор за екипи кои се големи ривали, и затоа улиците во Каиро беа празни за време на натпреварот. А, мечот се одигра токму во египетскиот град.

Ова дерби е исто како Ривер – Бока во Јужна Америка, или Барса – Реал во Европа.