Последните три меча од 11. коло донесоа интересни битки и уште поинтересни завршници. Во центарот на вниманието е Асвел, во последниот меч од ова кола на домашен терен ја совлада Барселона со 80-68 за само втор триумф сезонава.

Францускиот тим беше подобар тим во текот на целиот меч, по првата четвртина поведе со 25-19, а на стартот на следниот период дојде до двоцифрено водство од 33-23, на одморот беше (45-36). Ретко кој се надеваше дека каталонскиот гигант нема да успее да се врати во игра, но одбраната на Лион ги издржа сите напади, на крајот сосема заслужено се радуваше на големите бодови.

За Барселона ова е втор пораз, но и покрај тоа е на врвот на табелата пред ЦСКА. Дејвид Лајти со 17 поени беше прво име во победничкиот тим, додека на другата страна Никола Миротиќ запиша 14 поени.

Претходно Валенсија го совлада Фенербахче по пресврт со 86-90, додека пак Панатинаикос беше подобар од Баерн со 83-76 на домашен терен.