Барселона конечно дојде до договор со играчите за намалување на платите на играчите и членовите на стручниот штаб. Со оваа мерка каталонскиот гигант заштеди 122 милиони евра оваа сезона, а додека 50 милиони евра во следните три години.

Клубот оваа информација ја потврди на својата официјална страница, потенцирајќи дека е направен важен чекор.

„Сите страни вклучени во преговорите вложија голем труд за да се постигне договор, честитки до сите за тоа“, напишаа од Барселона.