И дефинитивно мечот од Лигата на Европа меѓу Наполи и Ријека, одигран синоќа, беше во длабока сенка на се она што се случуваше во градот под Везув и околу стадионот „Сао Паоло“ поврзано со смртта на Диего Армандо Марадона. Ние со посебно внимание ја проследивме “битката“ меѓу двајцата наши херои од Тбилиси, меѓу Елиф Елмас и Дарко Велковски. Првиот беше стартер кај Наполи, а вториот кај Ријека. По мечот Дијамантот се радуваше на победата од 2:0, но сепак и Дарко одигра добар натпревар.

Интересно, имаа неколку дуели, тие минаа без пардон, се разбира победата на твојот тим е пред се. А кога се во репрезентација, заедно се радуваат на победите.