Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја запишаа втората победа во битката за место на ЕП 2022 година, откако на домашен тереј ја декласираа Бугарија со 88-49.

Босанците доминираа во текот на сите 40. минути, на другата страна гостите беа немоќни, особено во нападот, постигнаа само 49 поени. Веќе по првите две четвртини беше јасно крајното сценарио на оваа средба, домаќинот поведе со 45-21. Камењаш со 12 поени беше прв стрелец, еден поен помалку постигна Роберсон.

На последната средба, но од групата Г, Германија на домашен терен беше совладана од Црна Гора со 74-80.