Анхел Ди Марија е незадоволен во ПСЖ. Оваа информација доаѓа како „гром од ведро небо“. Иако Аргентинецот играше на сите натпревари во Франција, сепак, само 4 ги одигра до крај, односно не беше заменет.

Токму од тука што често е заменуван, Ди Марија е незадоволен од својот статус. Тој сакал да игра повеќе, а наводно ова и му го соопштил на тренерот Томас Тухел.

Дека не е се како што треба во ПСЖ сезонава, покажува фактот што Тухел се наоѓа пред смена од кормилото, особено после поразот од Монако.