Натпреварот од Лигата на шампионите во рамките од последното коло во групата меѓу Мидтјиланд и Ливерпул, ќе се игра на неутрален терен, односно Данците го одбраа Дортмунд како домаќин.

Причината за ова се епидемиолошките мерки од властите во Данска, кои наложуваат задолжителен карантин за оние кои доаѓаа од Обединетото Кралство. Токму од тука наместо во Хернинг, дуелот ќе се игра во Дортмунд.

Ливерпул е секако главен фаворит, и натпреварот да се играше во Данска, а вака само се зголемуваат неговите шанси за победа. Впрочем, тоа ќе биде и враќање на Клоп во Дортмунд, кој ја предводеше Борусија пред да се пресели во Ливерпул.