Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд има само 16 години, и минатата сабота дебитираше во тимот на „милионерите“ играјќи последните пет минути. Тој беше резерва во мечот од ЛШ со Бриж, а тоа придонесе овој играч да ја зголеми својата вредност.

Тие пет-шест минути придонесоа Мукоко да има стартна цена од 10 милиони евра. Овој 16-годишник за младите категории на Дортмунд ги искина мрежите, а Борусија чекаше да наполни 16 години, и веднаш да му даде шанса. Дебитираше на 16 години и 1 ден, со што стана најмладиот играч кој некогаш дебитирал за Борусија.

Исто така скокна цената и на гол машината Ерлинг Халанд за дополнителни 30 милиони, и сега според вредноста тој изнесува 100 милиони.