Денеска на стадионот на Чаир беше свечено. Имено пред многу званичници, беше поставен камен – темелник на новата административна зграда на ФК Шкупи. Откако новата трибина е пуштена во употреба, сега реконструкцијата на стадионот се завршува со новата административна зграда во која ќе има нови и модерни клупски канцеларии како и модерни и нови соблекувални.

Нема што, стадионот на Чаир ќе биде убаво место за играње и гледање на фудбал.

На свеченоста тука беа раководството на клубот, потоа претставници од Владата на Р. Македонија, општинските власти, претставници на Фудбалската федерација која е една од најзаслужните за ова модерно фудбалско здание, како и претставници на политички партии.