Ќатип Османи одново е на клупата на Ренова. Оваа вест е топ тема во македонскиот фудбал, откако пред десетина минути „гипсарите“ го потврдија „кам-бекот“ на искусниот тренер.

Османи е без ангажман неколку месеци, откако последен ангажман му беше Шкупи. Претходно тој работеше во Ренова, и потоа замина во Шкендија каде што освои две титули, по што поднесе оставка, па стана предводник на чаирскиот тим.

Тој се враќа во „пакет“ со Башким Ливорека, неговата десна рака со кого работеше и во Шкендија и во Шкупи.

Навистина Ренова добива звучно тренеско име на клупата, со кое ќе атакува на излез во Европа.

They are back 👏👏👏
Qatip Osmani me ndihmësin Bashkim Livoreka nga sot janë përsëri me ne.
Welcome back
#FORCARENOVA🔵⚪️

Posted by K.F Renova on Friday, November 27, 2020