Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го спореди Бруно Фернандес со Кристијано Роналдо. Португалецот во Јунајтед мина шест сезони, дојде на 18 години во 2003 година и му помогна на тимот да освои три титули во Англија и една во Лига на шампиони. Играјќи за Јунајтед, Роналдо постана и најдобар играч во светот.

Солскјер во Фернандес го гледа Роналдо. 23 годишниот фудбалер постигна 34 погодоци во 35 одиграни меча, и се покажа како големо засилување.

„Бруно има влијание како Роналдо. Треба само да ги погледнете резултатите кои ги бележиме откако дојде. Тој има многу енергија, лидерски карактеристики и најважно, тој е тимски играч. Ова е клучно за да можеме да тргнеме напред, тој многу пати покажа дека тимот е поважен од него“, рече Солскјер.