Јувентус во рамките на 9. коло во Серија А силите ќе ги одмери со Беневенто, а на овој меч во составот на италијанскиот првак нема да биде Кристијано Роналдо.

Не станува збор за повреда, португалскиот фудбалер и тренерот на „Старата дама“ имаат договор.

„Кристијано и јас се договоривме да одмара, беше уморен по бројните мечеви во толку краток период. Планиравме да не игра против Беневенто“, рече Ширло.

Роналдо оваа сезона во Серија А одигра пет меч и постигна осум гола.