Цврст натпревар со многу борба на средината на теренот одиграа вечерва Кристал Палас и Њукасл.

Иако Палас важеше како благ фаворит поради домашниот терен, сепак, Њукасл во последните две минути стигна до победата. И двата тима во текот на мечот имаа шанси, а на крајот гостите искористија две.

Најпрво во 88. минута Калум Вилсон погоди, а потоа Палас се отвори со цел да дојде барем до бод. Но, тоа го искористија гостите, кои преку Жоелинтон стигнаа и до втор гол и до победа на овој дуел.