Атлетико Мадрид со три бода си заминува од теренот на „Местаља“ во Валенсија, со истоимениот тим. Дури во 78. минута Атлетико го скрши отпорот на домаќинот, и тоа со автогол.

Она што не им успеа на играчите на Атлетико преку Феликс, Лемар и благодарение на добрите одбрани на Доменек, му успеа на противничкиот играч Лато, кој стрелаше во сопствената мрежа.