Како што пишува порталот “Бабамбитола“ а притоа и објавува и интересни фотографии, во далечната 1986 година во Мадрид, спортските легенди од Битола имале средба со Диего Армандо Марадона, фудбалскиот БОГ кој пред три дена почина. РК Пелистер тогаш имал меѓународен натпревар во Шпанија, во времето кога важеше за еден од најдобрите клубови во екс – СФРЈ.

На овие фотографии направени во Мадрид, со Диего се најпознатиот навивач од Битола, Мате Шундовски, потоа Боро Чурлевски, Цане Крстевски, Александар Николиќ, Абдула Јусуфовски, Цепенковски и други.