Ливерпул постигна три гола на „Амекс“ стадионот во дуелот со Брајтон но му беше признаен само еден во мечот од 10. коло на англиската Премиер лига. Натпреварот имаше интересен тек.

Во 20 минута Нил Мапеј не успеа да погоди од пенал и да го доведе Брајтон во водство. Тој го промаши целиот гол.

Во 34 минута Мохамед Салах постигна гол кој судијата го поништи по реакција на ВАР системот поради офсајд (види фото). Во 60. минута Диего Жота погоди за водство на „Црвените“ по убава соло акција, а во финишот Мане реализираше но судијата по реакција на ВАР го поништи неговиот гол поради офсајд.

А тука не беше крајот. Во 92 минута судијата Атвел покажа втор пенал за Брајтон. По прегледување на ВАР снимка откако Дани Велбек падна во шеснаесетникот на Ливерпул. Овојпат Паскал Грос не погреши од 11 метри за конечни 1:1.