Попладнево во мечевите од 14.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, речиси на сите имаше драматични финиши. Посебно треба да се одбележи дуелот во Гостивар каде домашниот состав против Дрита прво губеше, па во 92 минута имаше 1:1, за да Христијан Кировски успеа да даде гол за големи три бода за својот тим.

Велешта успеа да слави во Дебар, и тоа со 1:0 и тоа со голот на Нура во 87.минута, со што и натаму е при врвот на табелата.

Драматично беше во с. Речица каде Лабуништа Тетово, односно Тетекс до последните секунди протов Скошје имапе бод в рака што се вели, но сепак на крајот се радуваа “пиратите“ кои ја продолжуваат победничката серија.

Охрид дома со голот на Целекси славеше над Велазерими, додека Кадино и Вардар Форино одиграа исто супер интересен меч кој заврши 1:1. Домашните поведоа во 87 минута и кога се чинеше дека ќе ги освојат трите бода, гостите од Форино израмнија во 94 минута.

РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО

КОРАБИ – ВЕЛЕШТА0:1

ГОСТИВАР – ДРИТА 2:1

ЛАБУНИШТА ТЕТОВО – СКОПЈЕ 1:2

ОХРИД – ВЕЛАЗЕРИМИ 1:0

КАДИНО – ВАРДАР (Ф) 1:1

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 33

2.ГОСТИВАР 27

3.ВЕЛЕШТА 26

4.ВЕЛАЗЕРИМИ 22

5.ОХРИД 22

6.КОРАБИ 21

7.КАДИНО 15

8.ВАРДАР (Ф) 13

9.ДРИТА 7

10.ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 7