Супер интересно во супер – дербито или битката за истокот попладнево во Штип. Брегалница и Тиквеш одиграа 1:1, со што “сините“ ја задржаа предноста од 5 бодови во однос на кавадарчани. Во ова дерби на 14 коло во ВМФЛ – ИСТОК, домашните поведоаа со голот на Мартин Стојанов во 47.минута. Тиквеш не се предаваше, фрли се на една карта, имаше и доста шанси, но имаше и Брегалница да стави точка на победата. Сепак Мојсов во 53.минута израмни на 1:1, се испостави дека ова е конечниот резултат.
Слога Виница на свој терен го “торпедираше“ Осогово со 3:0. Два гола на Митров е еден на Бујчевски, сосема доволно за екстра значајни три бода за виничани. По многу борба во Пехчево, домашниот Кит Го и Каменица Саса одиграа без голови. Кожуф триумфално во Прилеп, славеше со 2:1, иако долго резултатот беше 2:0 но Гешоски во финишот успеа само да го ублажи поразот.
И во псоледниот меч попладнево, Росоман на свој терен загуби дома од Плачковица со 0:1.
РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 1:1
КИТ ГО – КАМЕНИЦА САСА 0:0
ПОБЕДА – КОЖУФ 1:2
СЛОГА (В) – ОСОГОВО 3:0
РОСОМАН – ПЛАЧКОВИЦА 0:1
ТАБЕЛА
1.БРЕГАЛНИЦА 36
2.ТИКВЕШ 31
3.КОЖУФ 22
4.СЛОГА В 20
5.КИТ ГО 19
6. КАМЕНИЦА САСА 16
7. ПОБЕДА 13
8.ОСОГОВО 13
9.ПЛАЧКОВИЦА 10
10.РОСОМАН 8