Македонската кошаркарска репрезентација се соочува со проблеми во Талин, Љубомир Младеновски е позитивен на Ковид-19, додека Бојан Трајковски и Џекоб Вајли имаат сомнителни наоди.

ФИБА веднаш го одложи денешниот дуел со Италија. Нашите момци чекаат да бидат одново тестирани, овој пат сите ќе направат ПЦР тестови, доколку се биде во ред, односно нема нови случаи, Македонија утре ќе го одигра дуелот со Италија.

Ова значи дека во два дена ќе играат два натпревари, за понеделник е закажан дуелот со Естонија.

До добивањето на резултатите цела делегација останува во карантин.