Адвокатот на Диего Марадона најави дека вработените во погребалната служба кои направија селфи со телото на фудбалската легенда „скапо“ ќе платат за потегот.

Тројцата направија фотографијата ја објавија на интернет, еден од нив веќе е идентифициран и отпуштен, а „Газето дело Спорт“ пишува дека е прашање на време кога и останатите двајца ќе бидат отпуштени.

Но, нема да остане само тоа, ќе има судска постапка за ваквото дело: „Виновни се за шокантното однесување, скапо ќе платат“, најави адвокатот.