Обвинителството побара 16 годишна затворска казна за поранешниот фудбалер Василиј Василенко кој е обвинет од Русија за шпионажа во полза на Украина. Пресудата ќе биде изнесена на 7 декември во московскиот суд.

Василенко бил уапсен при нелегално преминување на границата меѓу Украина и Русија. Обвинението против него почна на 20 октомври. Сите материјали по делото се класифицирани „Строго доверливи“.

Поранешниот фудбалер е роден во 1967 година на територијата на денешна Украина. Во периодот од 1992 до 2001 година ги бранел боите на украинските Таврија, Торпедо Мелипол и Дружба од Бердјански.