Јувентус освои само еден бод од гостувањето кај Беневенто, со што актуелниот првак и натаму е далеку од чело на табелата. Ова за нив беше петто „реми“ во деветиот меч.

А, се добро почна за Јуве на средбата. Имаше игра, поведе со голот на Мората, имаше и шанси за 0:2, но не ги реализираше.

Беневенто пред крајот на првиот дел успеа да израмни преку Летициа.

Во вториот дел две добри шанси за Јуве, но останаа нереализирани само за еден бод.