Јирген Клоп имаше повторно „шоу“ во изјавата после натпреварот со Брајтон, на кој неговиот тим ремизираше играјќи 1:1.

Тренерот на Ливерпул даде интересна изјава, поврзана со офсајдите.

„Веќе навикнавме логото на дресот, или палецот на играчот да одлучува за офсајд. Но, и во двете ситуации имаше офсајд“, рече Клоп, кого го прашаа и за пеналот, а тој коментираше:

„Секогаш се обидувате да извлечете од мене некоја провокација. Јас ќе кажам дека пенал имаше. Имаше, затоа што судијата го досуди“, рече Клоп.