И ГКФ Тиквеш 1930 денеска се огласи со соопштение по инцидентите кои ги приредија навивачките групи на Тиквеш и Брегалница по денешното дерби од 14. коло во ВМФЛ.

„Во врска со денешните немили сцени во Штип каде што затекнавме физички напад помеѓу двете навивачки групи, Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 од Кавадарци жали за истите и во иднина ќе се бори за цел спречување на инциденти како денешниот.

Испраќаме силна порака за максимално фер и коректно навивање и во иднина, како единствен начин за спречување на сите немили сцени, како оние денешните, на и околу нашите фудбалски стадиони. Па, заедно со сите наши поддржувачи и навивачи, ГФК Тиквеш да биде вистинскиот пример-двигател за промоцијата на спортот во регионот и во Македонија.

Со Почит

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци“