Екипата на Сасуоло дури во 9. коло го доживеа првиот пораз во Серија А. „Зелено-црните“ долго оддолеваа но сега налетаа на расположениот Интер кој ги однесе бодовите од „Мапеи“ стадионот. Денеска Интер со 3:0 го совлада Сасуоло.

Алексис Санчез ја погоди мрежата на домашните во 4. минута, а десет минути подоцна со автоголот на Кирикеш Интер поведе со 2:0.

Во 60 минута „нероаѕурите“ ги решија дилемите. Роберто Гаљардини погоди за конечни 3:0 и нови три бода на контото на миланската екипа.

Сасуоло по овој пораз падна од второто на третото место на табелата, а Интер скокна на второто со два бода помалку од лидерот Милан. Да кажеме дека ситуацијата на табелата може да се промени со оглед на тоа дека другите екипи треба да го одиграат 9. коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore