Манчестер Сити со убедливи 5:0 го совлада составот на Барнли, во денешниот меч во Премиерлигата.

Целосната доминација на Сити беше крунисана со гол уште во 6. минута преку Махрез, а истиот играч во 22. минута донесе 2:0. Де Брујне ја запиша и втората асистенција, а Менди до крајот на полувремето зголеми на 3:0.

Феран Торез и Махрез во вториот дел го „докрајчија“ противникот. Сити постигна и шести гол, кој беше поништен поради офсајд.