Во Германија одиграни се шест натпревари, од кои најголемото изненадување го направи Келн кој славеше на теренот на Борусија Дортмунд. Најефикасниот меч беше во Берлин, во кој Унион и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 3:3.

Борусија ги разочара своите навивачи и во Дортмунд е поразена со 1:2 од Келн. Шкири ги постигна двата гола за „јарците“ кои поведоа 0:2, а Азар само успеа да намали.

Баерн Минхен стигна до победа со 3:1 над Штутгарт. Штутгарт поведе на свој терен со голот на Кулибали, а до крајот на полувремето Коман и Левандовски донесоа пресврт, а во вториот дел Коста стави точка на победата.

Лајпциг се проби на второто место по победата од 2:1 над Арминија Билефелд. Анхелињо и Нкунку беа стрелци на головите, а Клос го постигна голот за гостите од Билефелд.

Аугсбург и Фрајбург одиграа без победник 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore