Поранешниот фудбалер на Шкендија и македонски репрезентативец Агим Ибраими беше двоен стрелец за Кукс во победата од 4:2 над Влазнија во гости во албанската Супер лига. Крилниот напаѓач ги постигна првите два гола и му ја отвори вратата на Кукс кон победата. Првиот погодок беше по голема грешка на гостинскиот голман кој се двоумеше и потоа кога сакаше да исфрли, Ибраими се испречи пред него и му даде гол. Вториот беше од пенал.

Ибраими има три гола оваа сезона во Суперлигата, а неговиот Кукс е на петото место со скор од две победи, едно реми и два порази.