Македонскиот футсал првак, тимот на Шкупи, со 3:0 успеа да го победи тимот на Блу Меџик Даблин во меч од прелиминарната рунда во Лигата на Шампионите. Со тоа чаирчани се пласираа во главните квалификации и се најдоа меѓу 32 најдобри екипи во Европа.

Добра игра на момците на тренерот Зоран Лекиќ, иако реално не беше баш така лесно како што се очекуваше. Тимот од Р. Ирска покажа дека не бадијала е првак на својата земја. Првиот гол беше дело на Сефери во 6.минута и тоа од пенал, кога претходно голманот Сантос грубо стартуваше врз нег, по што доби  црвен картон. Вториот гол беше автогол на Лемес Сораес во 32.минута. Додека Незири беше стрелец на третиот гол во смаиот финиш на мечот.

Се на се убав успех на нашиот футсал првак, кој покажа дека има тим за повисоки дострели.

  • ШКУПИ – БЛУ МЕЏИК ДАБЛИН 3:0 (1:0)

Арена “Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Жулиен Лан и Аурели Узан (Франција), Јосип Бартон (МКД). Стрелци: Сефери (п) 6., Лемес Соарес (авт) 29., Незири 39.(ШКУ).
Ж. Картони: Петровиќ (ШКУ), Калдерон, Гојан (ДАБ). Ц.Картони: Де Соуза Сантос (ДАБ).

ШКУПИ: Бериша, Агуши, Левески,Сефери, Димоски,Јакупи, Стојановски,Фалзиу, Петровиќ, Незир, Цека, Мемеди.

ДАБЛИН: Де Соуза Сантос,Бурн, Ковалук,Лемес Соарес, Мицоски Лукас, Квеинк, Вендрак, Гојан, Анитоал, Јоциќ, Калдерон, Дос Сантос,Маринс, Пакетурас.