Бока Јуниорс го одигра првиот меч откако почина легендарниот Диего Армандо Марадона. Емоциите беа присутни, иако овој напревар се играше пред празни трибини поради пандемијата на коронавирусот. Да имаше навивачи, сигурно емоциите ќе беа огромни.

На трибината се појави огромен транспарент во чест на Диего. На семафорот стоеше неговото име, а натпреварот посебна приказна.

Стрелецот на двата гола Кардона, славеше во стил на Марадона, а потоа головите ги посвети на неговата ќерка Далма, која „потона“ во солзи на трибината. Навистина емотивна вечер.

Инаку Бока играше со Њуелс Олд Бојс. Во двата тима играше легендарниот Марадона.