Пишува: Зоран Ѓоршоски

Вчера Работнички повторно не победи, на гостувањето кај Беласица одигра само 2:2. Ништо ново кога станува збор за вториот наш најтрофеен клуб. Катастрофална полусезона играат момците на стратегот Ратко Достаниќ. Замислете, тие се немаат радувано на победа цели 79 дена, или речиси три месеци. Последен пат триумфирале на 13 септември и тоа на гости кај Ренова. Дома пак оваа есен само еднаш освоиле три бода, и тоа на 15 август против Беласица со 2:0.

Ако ги сметаме и двата меча во Купот, Работнички оваа есен одигра 15 натпревари, на нив само во две победи, има 10 ремија и три порази, гол разликата е 15:16. Во Купот е елиминиран уште во 2. коло. А во првенството по 13 коло се наоѓа на осомото место со само 14 бодови.

Јасно е дека овој Работнички може и мора повеќе. “Романтичарите“ нека земат пример од соседот Вардар. Како тоа вардарци речиси цела година немаат пара видено а имаат 19 бода, а тие само 14. Не е тајна дека Работнички важи со години наназад за еден од нашите најстабилни клубови и на финансиски план. Имаат играчите добри услови за работа, но ете, нешто не е во ред. Ако во февруари и март тренерот Ратко Достаниќ успеа да направи победничка машина од Работнички, сега веќе не е така. Оваа екипа сезонава требаше да се бори за првите три места на табелата, а сега ја чека жестока битка за опстанок.

Фудбалот е јавна работа, се се гледа на теренот, на табелата. За ова кастрофална есен некој ќе мора да одговара.

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЕСЕНВА

ПРВЕНСТВО:

09.08: Македонија ЃП – РАБОТНИЧКИ 2:1

15.08: РАБОТНИЧКИ – Беласица 2:0

23.08: Пелистер – РАБОТНИЧКИ 0:0

29.08: РАБОТНИЧКИ – Вардар 1:1

13.09: Ренова – РАБОТНИЧКИ 0:1

19.09: РАБОТНИЧКИ – Струга ТЛ 1:1

26.09: Борец – РАБОТНИЧКИ 0:0

03.10: Работнички – А. ПАНДЕВ 0:0

18.10: Силекс – РАБОТНИЧКИ 4:3

25.10: Шкендија – РАБОТНИЧКИ 1:1

07.11: РАБОТНИЧКИ – Шкупи 2:2

22.11: РАБОТНИЧКИ – Македонија ЃП 1:3

29.11: Беласица – РАБОТНИЧКИ 2:2

КУП:

23.09: Велазерими – РАБОТНИЧКИ 0:0

21.10: Струга ТЛ – РАБОТНИЧКИ 0:0

ВКУПНО: 15 2 10 3 15:16