Пред неколку месеци фудбалерот на Леверкузен и репрезентацијата на Јамајка, Леон Бејли со својата партнерка, Стефани доби син. Одлучи синот да се вика Лео Кристиано. Интересно, и сите мислеа дека тоа е поради Лео Меси и Кристиано. Но, барем според неговите зборови, не било баш така.

Тоа нема никаква врска со двајцата. Лео е кратенка од моето има Леон, Лео е лав и јас сум лав. Верувам дека мојот син ќе порасне со менталитет на борец и водач. А Кристиано е убаво име и убаво се согласува со Лео. Лео Кристиано е убаво име, мене ми се допаѓа“ вели Леон Бејли.