Македонската кошаркарска репрезентација, поради позитивни случаи на Ковид 19 без одигран натпревар ги заврши ноемвриските квалификации за пласман на ЕП 2022 година.

СПОРТМЕДИА дознава дека негативните репрезентативци заедно со стручниот штаб и раководството на КФСМ утре рано наутро со редовна линија од Талин (Франкфурт-Софија-Скопје) се враќа во нашиот главен град.

За позитивните кошаркари во овој момент, има две сценарија. Доколку естонските власти не дозволат транспорт од хотел до аеродром, сите четворица заедно уште еден член на лекарскиот тим, ќе мора да останат во хотелот „Хилтон Парк“ во Талин.

Во една ваква ситуација, нашите кошаркари за неколку дена, ќе можат да побараат да им бидат извршени нови тестирања, бидејќи сите се чувствуваат добро, и немаат силни симптоми. Па доколку бидат негативни ќе можат и тие да се вратат назад.

Од друга страна, доколку естонските власти, дозволат кошаркарите да излезат од хотелот, во тој случај, тие во Скопје ќе се вратат со чартер, кој секако ќе биде обезбеден од страна на Агенцијата за млади и спорт.