Има надеж за тимот на Фуилам сезонава откако предмалку на гостински терен успеа да слави кај тимот на Лестер со конечни 1:2, и на тој начин да го освои седмиот бод сезонава, и автоматски да излезе од опасната зона барем засега.

Во меч во кој гостите стартуваа онака како што посакуваа, со водство, а потоа и двојно, домашните се освестија дури во вториот дел, но беше прекасно. За Фулам погодија Лукан и Кавалиеро во 30. односно 38. минута, а за домашните намали Барнс во 96. минута.

До крајот на денот се игра уште и мечот Вест Хем Астон Вила со што се заокружува ова коло во Премиер Лигата.