Фудбалерите на Шкупи по трите гостувања во низа, конечно на свој терен ќе одиграат натпревар во Првата македонска фудбалска лига. Нивен ривал утре е Беласица. А фудбалерот на Шкупи Илирид Адеми очекува победа на утрешниот натпревар со што неговата екипа ќе се доближи до врвот на табелата во шампионатот.

„ На трите тешки гостувања не загубивме ниту еднаш. Конечно се враќаме дома, ќе ја пречекаме екипата на Беласица. Сметам дека токму на овој дуел ќе им се вратиме на победите во ПМФЛ и ќе се доближиме поблиску до врвот на табелата во шампионатот“, изјави Адеми за официјалната веб-страница на клубот.

Да ве потсетиме дека мечот Скопје-Беласица ќе се игра на комплексот  на ФФМ од 13:00 часот.