Екипата на Широки Бријег ја совлада Слобода во 17. коло од првенството на Босна и Херцеговина. Македонскиот интернационалец Виктор Ангелов одигра одличен натпревар и ги постигна првите два гола за победничката екипа, а играше цел меч.

Ангелов има три гола оваа сезона, а еден постигна против Радник пред две недели.