Дојде на “Сантијаго Бернабе“ како еден од најскапите трансфери во историјата на Реал Мадрид. Требаше да биде прва ѕвезда на “кралевите“, замена за Роналдо, но Еден Азар, еден од најдобрите светски офанзивци во изминатите 18 месеци речиси да не покажа ништо во белиот дрес на Реал Мадрид.

Токму затоа се се погласни најавите дека тренерот Зинедин Зидан и претседателот Флорентино Перез сакаат што побргу да се ослободат од фантастичниот Белгијанец.

Утринава “БОМБА“ од Мадрид. Имено се наговестува дека во јуни токму Азар ќе се пресели во ПСЖ, односно ќе биде дел од долго најавуваниот трансфер на Килијан Мбапе од редовите на “светците“ во Мадрид.

Кога сме кај Еден Азар да кажеме дека последната повреда му е дури девета откако е во Реал Мадрид. За тоа докторот на репрезентацијата на Белгија го обвинува Зидан. Вели дека тренерот на Реал премногу го оптоварува напаѓачот и дека се уште целосно не заздравен го пушта да игра.