ФК Брегалница веќе донираше финансиски средства за помош на Ѓорѓе Џонов и ги повикува сите домашни фудбалски и спортски колективи да се вклучат во хуманитарната акција за помош на поранешниот фудбалер на Кожуф, Металург, Силакс и Беласица, Ѓорѓе Џонов кој е пред најголемиот предизвик во својот живот, во битка со болест за која е неопходно итно лекување во Турција.

За лекувањето на Џонов веќе замина за Турција но се неопходни 100.000 евра за лекување, средства кои во моментов ги нема на располагање, поради што неопходно е вклучување од сите нас за собирање на неопходните средства.

СРЕДСТВА МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРААТ НА СЛЕДНАТА БАНКАРСКА СМЕТКА:
Ѓорге Џонов
Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48
Стопанска Банка А.Д.
11 Октомври
1000 Скопје

ДЕВИЗНА СМЕТКА:
МК07200003801913052
SWIFT: STOBMK2X

И НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ:
А1: 143-460 – Со секој повик донирате 100 денари!