Францускиот репрезентативен стопер и член на Барселона, Самуел Умтити, во јануарскиот преоден рок ќе биде трансферна цел на Евертон. Како што јавуваат медиумите во Шпанија и Англија, Барса нема да прави никаков проблем, посебно ако се знае дека Умтити не е преголем миленик на новиот тренер на каталонците Роналд Куман. Инаку тој се повреди и нема одиграно ниту една минута за составот на Барса оваа сезона, но и покрај тоа Куман во неколку пати посочуваше дека Умтити не е толку важен за неговиот тим. Сепак за да клубот од “Гудисон“ дојде до услугите на Самуел Умтити, ќе мора да плати отштета од 12 милиони евра со оглед на тоа што тој е сеуште под договор со Барса. Од друга страна каталонците посакуваат да го намалат буџетот за плати, а Французинот зема добра плата, па би можела и да ја намали таа сума од 12 милиони евра ако се покаже дека тимот на Карло Анчелоти навистина е заинтересиран за услугите на Умтити.