По шокантниот пораз од Шахтјор тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан изјави дека не помислува да си даде оставка. „Кралевите“ се најдоа во лоша ситуација, може да останат и без пласман понатаму, но Французинот вели дека неговиот тим играл добро и несреќно загубил.

„Не, нема да дадам отказ. Продолжуваме понатаму. Во првиот дел бевме многу добри. Имавме многу шанси да постигнеме гол(ови). Ме боли тоа што примивме гол во моменти кога игравме одлично. Потоа ситуацијата беше многу поинаква. Ова е лош резултат, но тоа е што е, продолжуваме да се бориме. Ние се чувствуваме силни, не нѐ напуштила мотивацијата, а искрено не заслуживме да загубиме. Но таков е фудбалот. Доживеавме пораз, меѓутоа нема да тагуваме туку ќе се фокусираме на следните натпревари“, изјави Зидан.