Луд меч за влез во Суперлигата на Узбекистан. Играа Нефчи и Турон во кој победија гостите со 0:1, но натпреварот го одбележа тепачка на теренот. Еден фудбалер на Нефчи беше толку изнервиран што се затрча и во стилот на Брус Ли го нокаутира судијата.