Најгрубиот фудбалски натпревар е одигран во петата аргентинска лига во 2011 година, а на теренот се соочиле Клејпол и Викторијано Аренас. Судијата Дамијан Рубино во првото полувреме покажал само еден црвен картон.

Играчот што го исклучив на паузата меѓу двете полувремиња проба да удри еден од тренерите. Потоа се пресоблече и го сочека крајот на натпреварот зад оградата. Штом свирнав крај, тој се затрча и удри еден играч. Потоа кон него тргаа противничките играчи и настана општа тепачка. Тој избега во соблекувалната, а соиграчите го бранеа. Не сакав на терен да покажувам уште црвени картони за да не се случи поголемо насилство. Работите се смирија по пристигнувањето на полицијата. Кога се смирија страстите, во соблекувалната ги исклучив сите играчи“, изави Рубино за Би-би-си.

Црвени картони добиле сите 22 фудбалери што играле, но и 13 други лица меѓу кои резервни играчи и тренерите.